ПРОЕКТИ
ПОДДРШКА НА ИНВЕСТИЦИИ
Експертизата на професионалците дел од OPEN MIND овозможува широк спектар на услуги што можат да бидат понудени на Компаниите што евалуираат опции за ширење на нови пазари.
Ние веруваме дека можеме да ја понудиме нашата поддршка во сите фази на инвестицискиот циклус:
- Процесот на избирање на Држава каде ќе се инвестира базиран на различни критериуми за селекција;
- Посредување во воспоставување на иницијален контакт со Државните органи и давање на поддршка во процесот на преговарање;
- Организирање и давање логистичка поддршка на посетите на Клиентите на потенцијалните инвестициски региони;
- Во соработка со нашите Правни експерти, реализирање на сите потребни аспекти за склучување на Договори за инвестирање и завршување на процедури за регистрација на фирма;
- Проценка на различните сценарија за инвестицијата: да се изнајмува или да се гради; браунфилд или гринфилд инвестиција;
- Во соработка со нашите партнери, давање поддршка на реализација на проектите за изградба или изнајмување на производствените капацитети на компанијата;
- Обезбедување на услуги за регрутирање на извршен тим и останати вработувања во новоформираната компанија.

ПРОЕКТЕН МЕНАЏМЕНТ
Претставува огромен предизвик за компаниите да ги движат промените со потребната брзина и самодоверба а во исто време успешно да се справуваат со тековните предизвици од секојдневното работење. Одличните компании се наоѓаат во постојан процес на пронаоѓање на нови, иновативни решенија со цел да ги подобрат процесите и да станат поуспешни.
Нашето ниво на експертиза ни дава високо ниво на самодоверба дека можеме да додадеме вредност на компаниите што се трудат да ги подобрат работните процеси и процедури, да ги оптимализираат сопствените капацитети во согласност со барањата на купувачите, и да ги поврзат плановите и ресурсите на неопходното ниво за реализација на проектите.

ПРИВРЕМЕН МЕНАЏМЕНТ
Значаен дел од работењето на компаниите е справување со различни видови непредвидени предизвици. Во такви ситуации, има дури и зголемена потреба за практикување на правилно лидерство со цел компаниите да излезат посилни и поконсолидирани од претходно.
Ние, OPEN MIND, со задоволство би сакале да помогнеме на компаниите во вакви ситуации преку нудење на нашата поддршка.
Привремен менаџмент е краткотрајно обезбедување на извршен тим или поединец за ограничен период на време, согласно потребите на клиентот. Ваквиот ангажман може да биде поврзан со различни предизвици со кои се соочиле Клиентите:
- Подобрување на перформанси или процеси;
- Промени и трансформациски програми;
- Промена во лидерство, планирана или непланирана;
- Реструктурирање и промена на курс на работење;
- Развој на бизнис и диверзификација;
- Пополнување на испразнета позиција;
- Кризен менаџмент;
