MK EN

ИЗВРШНИ ВРАБОТУВАЊА

Единствената константа во бизнисот и животот во целина е промената. Прилагодливите бизнис лидери од сегашноста и иднината се водени од фактот дека одржливост и развој може да достигнат само оние што ги прифаќаат и соодветно се носат со промените.

Нашата цел е да ги најдеме тие индивидуи и да ви ги понудиме.

  • ЗА КЛИЕНТИТЕ

    Поставувањето на соодветен Менаџерски и Лидерски тим е еден од клучните елементи што овозможува Компанијата соодветно да се позиционира на патеката за долгорочен развој.

    Ние во OPEN MIND приоѓаме на секој проект за извршно вработување како уникатен, стремејќи се да ги идентификуваме специфичните барања што секој Клиент ги има. Наоѓањето на вистинскиот баланс на менаџерски и лидерски вештини потребни за секоја позиција е наш приоритет.

  • ЗА КАНДИДАТИТЕ

    Менаџерите и лидерите од сегашноста и иднината се креираат преку свесен напор на обиди, грешки, преиспитување и љубопитност за постојано учење и развој.

    Земајќи го ова во предвид, ние во OPEN MIND ги охрабруваме сите индивидуи со лидерски амбиции и соодветен професионален развој и потенцијал да ја достават нивната апликација во нашата датабаза преку достапната форма за аплицирање

executive search