MK EN

УСЛУГИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

Главното прашање при барање на работа или регрутирање на вработен се поместува од, што можете да НИ понудите кон што можеме да ВИ понудиме.

Секој човек, секоја компанија се различни и уникатни сами по себе. Умешноста на поврзување на овие разлики на начин на кој двете страни се развиваат како резултат на меѓусебниот однос е нашата движечка сила.

  • ЗА КЛИЕНТИТЕ

    Автентичните потреби на Клиентите при процесот на регрутирање одат подлабоко од формалниот Опис на работното место за позицијата и се тесно поврзани со Компаниската култура, основни вредности и очекувањата на Лидерите.

    Земајќи го ова во предвид, ние во OPEN MIND инсистираме да ги разбереме суштинските потреби и преференции на нашите Клиенти и на тој начин се опремуваме со вистинското знаење како да го реализираме проектот на вработување на правилен начин.

  • ЗА КАНДИДАТИТЕ

    Тоа што не е кажано, обично е најрелевантно. На формалните интервјуа, сите ние, имаме тенденција повеќе да се фокусираме на впечатокот што го оставаме на Клиентот и често ја оставаме нашата уникатност настрана.

    Ние во OPEN MIND се обидуваме да ја разбереме автентичната страна на кандидатот заедно со неговите преференции. Сето заедно, во комбинација со професионалните компетенции на кандидатот, стекнати преку образованието и минатото искуство, ја комплетираат сликата на кандидатот и значајно ги зголемуваат нејзините / неговите шанси за наоѓање на соодветната можност на пазарот.

    Ние ги охрабруваме сите индивидуи со различни кариерни аспирации да ја искористат можноста и да ја достават својата апликација преку достапната форма за аплицирање

employment services