Процесирање на податоци


Категории на податоци

OPEN MIND може да процесира лични податоци како што се име, професионални и приватни контакт детали, биографија (вклучувајќи место на раѓање и националност), квалификации, вештини, финансиски очекувања, сведочења, сертификати, податоци од интервјуа и тестови, лични интереси, хобиа, брачен статус, проверки на минато искуство и сите останати податоци што ќе одлучите да ги споделите со нас.

Извори на податоци

Податоците можат да бидат прибавени од Вас, од јавно достапни извори како (Компаниски и лични веб страни, ЛинкедИн) и трети страни што вие или контактите што сме ги исконтактирале во врска со вас ги навеле како потенцијални референци.

Цел и правна основа за процесирање на податоците

Вашите податоци се процесираат за целта на остварување на можност за вработување, работа и кариера, како и за обезбедување на услуги за вработување на кадри за извршни позиции на потенцијалните работодавци ширум светот врз база на ваша согласност.

Примачи на податоци

Ние ја имаме вашата пишана согласност за споделување на вашите податоци со потенцијалните работодавци.

Барања за доставување на личнми податоци

Вие не сте обврзани од наша страна да ни доставите лични податоци. Без вашите лични податоци ние нема да сме во можност да ви овозможиме можности за вработување.

Вашите права

Може да ја повлечете вашата согласност во секое време. Повлекувањето на согласноста не влијае на чекорите превземени пред согласноста да биде повлечена.

Може да побарате корегирање на вашите лични податоци во секое време.

Може да побарате бришење на вашите лични податоци во секое време земајќи во предвид дека нема никакви правни обврски што побаруваат понатамошно задржување и процесирање на вашите лични податоци.

Може да побарате ограничувања на процесирањето на вашите податоци во секое време.